понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Иванов во официјална посета на Бугарија

Иванов во официјална посета на Бугарија

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, придружуван од сопругата Маја Иванова, од денеска престојува во дводневна официјална посета на Република Бугарија.

-Денеска, 14 јуни 2018 година, претседателот Иванов во Софија со највисоки државни почести ќе биде примен од Претседателот на Република Бугарија, Румен Радев. Предвидено е двајцата претседатели да одржат тет-а-тет средба, по што двете официјални делегации ќе одржат пленарен состанок. Претседателот Иванов, придружуван од претседателот Радев, ќе положи венец пред Споменикот на Непознатиот војник во Софија, информираат од Кабинетот на Иванов.

За време на официјалната посета на Република Бугарија, Иванов ќе оствари средба со претседателот на Народното Собрание на Република Бугарија, Цвета Карајанчева, со претседателот на Владата на Република Бугарија, Бојко Борисов и со Заменик претседателот на Владата на Република Бугарија и министер за надворешни работи, Екатерина Захариева.

Претседателот Иванов, за време на официјалната посета на Република Бугарија, ќе го посети Културно-информативниот центар на Република Македонија во Софија, каде е предвидена средба со македонски граѓани, стопанственици и културни дејци кои живеат и работат во Република Бугарија.

Најнови вести