Ќе видиме дали Антикорупциската ќе постапува, ние се договоривме да ги прибереме сите информации кои се поврзани со веста која излезе во медиумите со набавката на вакцините, откако ќе ги собереме информациите ќе видиме дали постојат елементи којшто би бил во надлежност на нашата комисија, истакна претседателката на Антикорупциската комисија Билјана Ивановска вечерва на Сител телевизија, во однос на случајот што излезе во јавноста со сомнителната набавка на вакцини од Кина, кој го објави „Ла Верита“.
Ивановска вели дека станува збор за комплексно прашање, како и тоа дека за овој случај има простор за дејствување и на повеќе институции, па да не се чека само постапувањето на Антикорупциската комисија, заради тоа што комсијата може да открие системски слабости и да даде препораки за подобрување на системот.
-Но, за грешките кои се настанати, ако се настанати и за одговорноста од настанатите грешки мислам дека има простор и за другите институции, вели Ивановска.
На прашањето каде ја лоцира одговорноста и слабоста во постапувањето со набавка на вакцините, Ивановска вели дека треба да се види како систем имало воспоставено за набавката на вакцини кои требаше до сега да стигнат, како и дали имало утврден начин како да се набавуваат истите е важно.
-Институција која ги утврдува одгворностите е Јавното обвинителство, потврди Ивановска, но и додаде дека Антикорупциската комисија може да ја провери фирмата преку се вршела набавката.