недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Ивор Мицковски: Полицајци спасиле жива глава од разулавени селани во Скопско село… интервенирала политичка партија

Ивор Мицковски: Полицајци спасиле жива глава од разулавени селани во Скопско село… интервенирала политичка партија

Поранешниот шеф на комуникации на СДСМ Ивор Мицковски на својот Фејсбук профил објави статус посветен на справувањето на полицијата со селани од едно скопско село, каде наместо државата интервенирала политичката партија.

-Полицајци спасиле жива глава од разулавени селани во Скопско село, кои биле флагрантно фатени како сечат дрва. Морале да пукаат или ќе биле линчувани. Биле испратени 50 тешко наоружени полицајци да ги вадат, но сепак помогнале преговорите со една политичка партија. Замислете, не преговара државата, партиите само преговараат во оваа земја. Се знае кој е закон тука. Државата им подига споменици на загинати полицајци од Диво Насеље, додека и понатаму нема правда за жртвите, ниту казна за нарачателите, а власта продолжува да си шпекулира и политички да си поентира на болката на овие луѓе и семејства. Ние сме луд народ и луда држава, стои во неговиот пост на Фејсбук.

Најнови вести