сабота, 9. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Излегуваат на виделина докази за релациите Боки 13-Зоран Заев: Каква е поврзаноста меѓу екс-премиерот и обвинетиот за „Рекет“?

Излегуваат на виделина докази за релациите Боки 13-Зоран Заев: Каква е поврзаноста меѓу екс-премиерот и обвинетиот за „Рекет“?

Денешната аудио бомба покажува зошто Заев не сака да важат снимките и се бори за амнестија. Но, истовремено покажува какви биле неговите релации со обвинетиот за „Рекет“, Боки 13.

„Му требаат пари за тоа телевизијата и само прави некои комбинации… Ние на неколку пати така му помогнавме во телевизијата, главно за маркетинг, тоа беше уште порано лани октомври-ноември 2018-та година“.

Овие зборови на екс-премиерот Зоран Заев одекнаа од говорницата на Собранието откако како аудио бомба ги пушти пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски.

На снимката може да се чуе како Зоран Заев јавно признава дека ја помагал телевизијата на Бојан Јовановски (Боки 13) кој е обвинет за случајот „Рекет“ заедно со Катица Јанева.

Во аудио записот, Заев вели дека помошта била во пари, поточно околу маркетингот на телвизијата, но и дека Бојан Јовановски земал пари од бизнисменот Силјан Мицевски.

На вчерашното рочиште за „Рекет“ на кое беа презентирани материјални докази од страна на Обвинителството беше презентирана и комуникација помеѓу поранешниот премиер Зоран Заев и обвинетиот Бојан Јовановски – Боки 13.

Обвинетиот Јовановски го молел поранешниот премиер Заев, да го прими на состанок. Во комуникацијата остварена во февруари 2019 година, обвинетиот Јовановски му пишувал на тогашниот премиер Зоран Заев.

-Во име на нашето познавање и почитување ве молам да ме примите на средба. Никогаш не сум го злоупотребил вашето име, му пишал Јовановски на Заев.

На оваа барање Заев, му одговара дека се залагал за владеење на правото и дека оваа е недозволиво.

-Ги видов доказите, оваа е чист рекет, му вели Заев на Боки 13.

Овие докази Обвинителството ги обезбедило од  „Ватсап“ комуницирал меѓу Боки 13 и неговата мајка Јасминка Јовановска, остварена во април 2019.

Инаку иако вчера судот ја откри тесната комуникација помеѓу Боки 13 и поранешниот премиер, тој во август минатата година свесно лажеше и преку статус на својот Фејсбук профил и ја отфрли било каквата поврзаност, соработка или пак комуникација со Боки 13 за случајот „Рекет“.

„Најостро, категорично и одговорно отфрлам било каква поврзаност, соработка или комуникација со осомничениот Бојан Јовановски во врска со случајот „Рекет“ и за било какви други прашањата кои се предмет на истрагата за овој случај. Со Бојан Јовановски единствено имам разговарано за хуманитарни активности на неговиот Меѓународен сојуз, после што ниту јас ниту Владата не сме имале никаква натамошна соработка, ниту формална, ниту неформална. Се имам појавено и на интервјуа во 1тв, како што редовно се појавувам на сите други телевизии и медиуми, во интерес на отвореноста кон јавноста“, напиша во август Заев.

Инаку за потсетување на јавноста, во разговорите на италијанскиот весник „Ла Верита“ Боки 13 постојано ја истакнуваше својата блискост со премиерот и дури и му ја гарантира на Камчев неговата поддршка.

Тој му велеше на Камчев дека разговарал со Заев и дека тој нема да прави проблем, објави во август италијанскиот весник.

Во битка да се спаси екс-премиерот

Ова е јасен доказ зошто на Заев толку многу му се брза да го донесе законот за ЈО. Од петни жили се труди да се изгласа што побргу, особено држејќи се за членот 110.

Овој член е смислен со една цел – Заев да си се амнестира самиот себеси за сите свои криминали.

Оваа аудио снимка, која јавноста денеска ја слушна, е нешто за кое без одложување треба да биде засновано обвинение. Заев бега токму од ова.

Тој е свесен дека ако снимките важат, ќе треба да одговара за повеќе дела, па не избира средства да биде изгласан законот кој ќе биде во пракса негова амнестија.

А за тоа дека Заев, сепак, сака да избега од законот бидејќи е вмешан во сомнителни дејствувања, многу кажува и неговата поврзаност со Боки 13. Залудно бега од тоа да ја убедува јавноста дека нема релации меѓу него и обвинетите за „Рекет“ затоа што два дена по ред доказите испливуваат на очиглед на јавноста.

Најнови вести