понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Известувачот од ЕП за Македонија Ќучук: Не е само Франција, против проширување се и граѓаните во други земји

Известувачот од ЕП за Македонија Ќучук: Не е само Франција, против проширување се и граѓаните во други земји

СДСМ со своите секојдневни скандали, рекетарски афери и криминалот придонесе Македонија да стагнира во секој поглед и да се оддалечи од патот кон ЕУ.

За тоа говори и изјавата на Илхан Ќучук, известувач за Македонија во ЕП кој за Телма вели дека не е само Франција која се противи на проширувањето на ЕУ.

Околу 67% граѓани кои се против се од Австрија, 64% од Германија. па потоа 63% Франција.

-Целта на методологијата пред се да биде поефективна и да одговори на очекувањата од двете страни. Од една страна треба да ги убедиме скептичните држави, а тие се неколку меѓудругото, и Франција не е најскептичната. Ако погледнеме последното истражување на Евробарометар, 67% од австриските граѓани се изјаснуваат против проширувањето на ЕУ, во Германија се 64% и Франција се 63%, појаснува Ќучук.

Ќучук додаде дека во секоја смисла треба да бидат убедени европските општества, особено од Западна Европа, дека проширувањето е важен процес и тој придонесува за стабилноста, сигурноста, економскиот просперитет, водечка улога на ЕУ во глобална смисла.

-Но од друга страна реформите се реализираат не само поради интеграцијата, туку и поради граѓаните на една или друга држава. Во основата на реформите се политичките елити, но тие се спроведуваат во името на граѓаните, дообјасни Ќучик.

Најнови вести