петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Јанакиески и Божиновски во понеделник на јавна седница на Апелација ќе бараат укинување на притворот

Јанакиески и Божиновски во понеделник на јавна седница на Апелација ќе бараат укинување на притворот

Поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески и екс генералниот секретар на Владата, Кирил Божиновски во понеделник на јавна седница во Апелациониот суд ќе ги образложат жалбите за определената мерка притвор, која бараат да им биде укината.

Поранешниот министер за транспорт Миле Јанакиески и Кирил Божиновски, поранешниот генерален секретар на Владата, од пред 10 дена се во притвор.

Божиновски, како поранешен генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ, е обвинет во случајот „Титаник” на СЈО, а Јанакиески е обвинет во пет случаи на Специјалното обвинителство.

 

 

Најнови вести