петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Јанакиески: Решението за мојот притвор е неосновано, незаконито и контрадикторно

Јанакиески: Решението за мојот притвор е неосновано, незаконито и контрадикторно

На денешната седница на Апелација на која се разгледува жалбата на екс министерот Миле Јанакиески за мерката притвор и која се уште трае, Јанакиески посочи дека судовите вршат прекршување на законите и праксите на европскиот суд за човекови права.

Вели дека ќе докаже дека решението за притвор е неосновано, незаконито и контрадикторно.

Јанакиески изјави дека самото решение е базирано на фиктивна белешка.

„На 14.11.2018 година ми беше врачено решение во 5 часот за определена мерка притвор без притоа да дадам изјава или да бидам сослушан од страна на кривичниот совет и да бидат избестени моите бранители. Ваквото незаконско постапување е спротивно на судската пракса.“

Додава дека со измените на законот за судови пресудите на европскиот суд за човекови права се обврзувачки при постапување во македонските судови.

Најнови вести