среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Jаневски: Историските комисии се чиста глупост, Македонија влегува во процес во кој тешко ќе излезе

Jаневски: Историските комисии се чиста глупост, Македонија влегува во процес во кој тешко ќе излезе

Новинарот Дарко Јаневски во гостување во емисијата Што не е јасно на ТВ Алфа вели дека создавањето на мешовитата комисија и преговарањето за историските личности е чиста глупост, посочувајќи дека Македонија влегла во еден процес од кој многу тешко ќе излезе.

Ние направивме историски комисии кои што се тотална глупост, од научен и од било кој аспект, политички. Ние веќе потпишавме на пример дека до 7ми век се откажуваме од претходната историја и сега Бугаритe велат чекајте бе вие веќе потпишавте дека тоа може да го сторите, ние имаме свој документ, настрана невалидноста на тоа со што мафтаа. Но, кога веќе еднаш сте го сториле тоа, тогаш што сакате сега со нас и засега ние немаме и не успеваме да одговориме на тоа, вели Јаневски и додаде:

Ние направивме една глупост и си дозволивме да преговараме, имаш 5 луѓе од една страна и 500 луѓе од друга страна, и они преговараат што бил некој пред 1000 години. И сега формулациите кои што се планираат кај нив е дека Самуил ќе го чествуваме заедно. Но што е утврдено таму, што ќе ни стои во учебниците, кој бил тој човек и потребно е да се даде пред јавноста и пред научниот кадар но и пред секој просечен граѓанин на оваа држава објаснување ако сте прифатиле нешто тогаш кои се аргументите за тоа. Како ќе објасните на пример Самуил дека бил Бугарин, а всушност се отцепил создал посебна држава од Бугарија, еве Кирил и Методиј ги отпишавме иако луѓето се родени во Солун, а со Бугарија немаат никаква врска. Што ќе правите со Свети Климент кој што е патрон на МПЦ, која што се прогласи за ќерка на БПЦ иако претходно тврдеше дека Охридската Архиепископија е првична, па се враќавме назад кон Јустинијана Прима итн. Значи влеговме во еден процес кој на овој начин тешко ќе излеземе.

Најнови вести