петок, 22. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Јаулески до Заев и Каевски: Ова се вашите успешни политики- Македонија е земја со најголема младинска невработеност во Европа

Јаулески до Заев и Каевски: Ова се вашите успешни политики- Македонија е земја со најголема младинска невработеност во Европа

Зоран Заев, Дарко Каевски ова се вашите успешни политики – Македонија е земја со најголема младинска невработеност во Европа. Младинската невработеност во Македонија е за 120% повисока од просекот во ЕУ.
Европски стандарди во Македонија? Со Заев и СДСМ тешко, вели Јован Јаулески, претседател на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ.

-И секогаш кога ќе мислите дека блескаме, нека ви текне дека повеќе од 1/3 од младите се без работа и немаат пари. Погледнете ги полните автобуси кои ја напуштаат Македонија и немојте да лажете дека блескаме. Затоа што не блескаме, туку р’ѓосавме со вас. Повеќе од две години потрошивте и ништо не направивте. Време е да си одите!, пишува Јаулески на Фејсбук.

Најнови вести