Во Отвореното студио на телевизија Алфа, вечерва гостуваше претседателот на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, Јован Јаулевски. Тој истакна дека поради намалувањето на партиципацијата за студентите, проект на Владата на ВМРО-ДПМНЕ им се овозможи на голем број млади да се запишат на факултет, млади кои дотогаш не можеле да си дозволат. Јаулески напомена и голем број други проекти спроведени од претходната Влада , притоа напоменувајќи дека актуелната власт не прави ништо за младите.
-Владата на ВМРО-ДПМНЕ направи многу за студентите. Најпрвин ја намали партиципацијата од 400 на 200 евра, за конфинансирање на факултетите од техничките науки и медицинскиот факултет од 1000 на 400 евра каде што се овозможи студирање на голем број студентите, односно студирањето стана достапно и за обичните граѓани кои имаа пониски примања. Се отвори универзитетот Гоце Делчев се набавија над 60 лабаратории, се зголемија стипендиите, се воведоа 40 нови видови стипендии. За жал од ваша страна, ниту гледаме зголемување на стипендиите, ниту има нови видови стипендии и спортските стипендии кои што ги делиш ти како директор на Агенцијата за млади и спорт. Еве те мотивирам да ги прошириш и да измислиш нови стипендии. На жалост вие за младите немате ништо направено, вели тој.