петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Јавноста згрозена од безбедноста во затворите: СДСМ не ги штити животите на граѓаните, уште помалку на притворениците и затворениците

Јавноста згрозена од безбедноста во затворите: СДСМ не ги штити животите на граѓаните, уште помалку на притворениците и затворениците

Двајцата поранешни министри Миле Јанакиески и Спиро Ристовски кои пред два дена беа приведени, вчера беа нападнати во затворот во Шутка.

По немилион настан Јанакиески се здоби со скршеница на раката и веднаш беше префрлен во „ГОБ 8 септември“ во Скопје, додека пак Ристовски заврши со пукната аркада.

Јавноста пак денеска е згрозена од Фејсбук статусот на командант Малиши кој откако го објавивме во медиумите набрзо Мухамед Красниќи го избриша.

Во статусот тој ги открива напаѓачите на Миле и Спиро, но и упатува нови закани до сите кои ќе дојдат во иднина во затворот.

Мухамед Красниќи познат под прекарот Командант Малишева на својот Фејсбук профил објави статус во кој ги откри напаѓачите на Мили Јанакиески и Спиро Ристевски, но и упати нови закани до сите кои ќе дојдат во иднина во затворот.

-Секој политичар кој е вмешан во оваа стапица…и кој ќе ни падне во раце ќе биде истепан и ќе биде скршен од ќотек од страна на било кој член од нашата група. Браво за денес другари, покажавте кој сте. Спиро Ристoвски беше боксуван од Лирим Крашниќи, браво братучед. Миле Јанакиески беше боксуван од Есат Кафеѓоли. Образот ми го обеливте денес. Ние нема да престанеме во оваа битка. Ниту еден Албанец не се освети за нас до денес и затоа ние сами ќе се осветуваме бидејќи сите ќе ни дојдат тука во затворот, стои во заканата на Красниќи.

Инаку тој е познат како еден од водечките лидери за настаните од Диво Насеље, при што беа убиени осум полицајци, а 38 беа повредени. Во дводневната престрелка беа убиени и 10 припадници на групата за која се смета дека ја предводел токму тој.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ откако вчеравечер беше спречен да влезе да го посети Миле Јанакиески од страна на затворската полиција и алфите тој даде изјава пред болницата.

Мицкоски: Црн ден за демократијата во Македонија, рацете на Заев се крвави и не постои вода која ќе ги испере

Лудилото продолжува. Тоа што вчера го најавивме, денеска има свој продолжеток. Оваа криминална, непотистичка и насилничка власт, го покажува вистинското свое лице преку институциите со кои раководи, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој беше во ГОБ „8-ми Септември“ со цел да го посети претепаниот Јанакиески, но беше спречен од затворската полиција.

-Денеска се жртви Спире и Миле, утре ќе биде жртва секој еден од вас. Затоа треба секој да си го постави прашањето во каква држава сака да живее и каква влада сака да ја управува оваа држава. Денеска ова што се случи е преседан во поновата историја на Република Македонија. Државата не успеа да ги заштити животите на двајцата притвореници и за ова треба да има одговорност. Не само од оние структури на ниво на позорникари и обезбедувањето, туку конечно треба да носи одговорност најповиканиот за сето ова, премиерот, деспотот Зоран Заев, министерот за внатрешни Оливер Спасовски и министерката за правда Рената Дескоска. Ова е преседан од историски размери. Од денес почнува насилничката историја на Република Македонија да се испишува, порача Мицкоски.

Тој потенцира дека деспотот Заев тоне, а во тоа тонење повлекува се со себе.

За безбедноста и заканите во затворите ширум Македонија неодамна говореше и поранешниот премиер на Македонија Никола Груевски.

Екс премиерот, сега азилант Груевски во ТВ интервју изјави дека тој одлуката за влегување во Шутка ја променил во последен момент по добиена најава дека ќе биде ликвидиран.

По чија нарачка се претепани Јанакиески и Ристовски?

За притвори, апсења и изживувања пред неколку денови предупреди и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на прес-конференција.

-Чудовиштето на чие чело е деспотот Заев е разнишано, готово. Го гледа својот крај и затоа е најопасно, затоа презема очајнички потег на внесување страв меѓу народот, затоа апси врз основа на изјави на сомнителни лица, без докази, на “рекла казала“ муабет, со години после настанот за кој ги обвинуваш. Овие луѓе не се виновни. Народот е веќе разбуден и не се плаши. Заев не ти се плашиме! ВМРО-ДПМНЕ и народот не ти се плаши, рече Мицкокси и додаде:

„Ова што го правиш е лудило, ама ние сме спремни да понесеме жртва, затоа што знаеме дека сме на вистинската страна, на страната на Македонија. Ти отчукува часовникот и Заев да знаеш готов си, нема бегање. Колку повеќе високо леташ, потежок ќе биде твојот трескот кога ќе паднеш, тоа јас лично ти го гарантирам. Апси, можеш да нарачуваш и убиства, но знај нема да ти се исплашиме и ќе те поразиме. СДС знае дека паѓа и сакаат да внесат страв, да го деморализираат ВМРО-ДПМНЕ и граѓаните, тие сакаат да се збори за притвори, за апсења, за изживувања за да не се збори за вакцините кои убиваат, за здравството на Филипче кое убива, за неработа на Спасовски која убива, за Кочо и Тевдовски кои безмилосно го осиромашија народот, за тендерите и богатењето на брат ти Вице Заев, братучед ти Трајче, за земјоделците и пензионерите, вели Мицкоски“.

За јавноста, останува отворено прашањето- дали по нарачка на власта се претепани Јанакиески и Ристовски?

Јавноста е згрозена и од коментарот на затворскиот чувар кој им порача сексуална метода на сите кои ќе дојдат во иднина во затворот.

Чувар во затворот Шутка се заканува: Црнец во темница за сите обвинети за 27 април!

Затворскиот чувар Жарко Милошевиќ кој е вработен во истражниот затвор Шутка неодамна се заканувал на социјалните мрежи.

Во преписка на Фејсбук Милошевиќ се заканувал со метод “Црнец во темница”, што во конкретниот разговор на Фејсбук е алузија на сексуално насилство од маж кон маж.

Во својата закана Милошевиќ употребил и расистичка и (хомо)сексуална дискриминација но за тоа никогаш не бил санкциониран од македонските власти и без проблеми на работно место чувар добива плата од затворот во Шутка.

Тој во пост го тагирал пратеникот Павле Богоевски и се заканувал на опозициски активисти.

 

Најнови вести