среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ЈО ги предаде материјалите за истрагата за автобуската несреќа

ЈО ги предаде материјалите за истрагата за автобуската несреќа

Државниот јавен обвинител Љубомир Јовески денеска на прес конференција посочи дека на заменикот окружен јавен обвинител на Окружното јавно обвинителство Перник, Бисер Јорданов Михајлов и истражителот во Националната истражна служба на Република Бугарија, Младен Христов Петров им биле предадени материјалите поврзани со истрагата за автобуската несреќа во Бугарија.

„На бугарските обвинители им ги предадовме ДНК анализите, записниците на 8-те сведоци, комплетните документи на Беса транс и комплетната документација што ја поседува МВР, тоа е во согласност со меѓународните стандарди, бидејќи несреќата се случила во Бугарија. а истрагата ја спроведуваат истражители бугарски“, изјави Љубомир Јовески.

Најнови вести