Петре Шилегов е толку арогантен, занесен во функцијата, лабав на тема „загадување“, а и за се` друго, да не му ни текнува дека одзади него има камери, пишува во својата најнова објава на Фејсбук, новинарката Јорданка Ивановска Јоци.
-Ако, Петре, само вие играјте си игрици. Ќе си паџате ко скапани круши за кратко, додава Јоци.
Инаку, во Собранието денеска имаше јавна расправа за справување со енормното загадување, а меѓу присутните беше и Шилегов кој требаше да говори кои мерки ќе ги преземе градот.
Но, Шилегов додека траше расправата си играше игри на својот мобилен телефон, успешно поминуваше нивоа и не беше заинтересиран за тоа што се предлага.