По повод денешното соопштение на Зоран Заев до јавноста во врска со оставките на Филипче, Хасани, Бесими и Етеми се огласи новинарката Мери Јордановска преку својот Фејсбук профил.
Таа во својот статус напиша дека премиерот е должен да излезе да одговори на прашања.
„ Бидејќи ова е четврти ден по еден од поголемите ужаси што се случиле во државата, должни сте да излезете, особено после овој статус на Фејсбук, и да одговорите на три едноставни прашања. Не наредната недела, туку сега и одма.
Како вие, како премиер, ќе бидете запознаени со деталите од истрагата, ако имаме строга поделба на власта? Свесни сте ли воопшто што ни соопштивте во моментов?
Каква допирна точка има чувството на морална одговорност, со евентуална кривична одговорност?
Свесни ли сте за можноста за влијание врз сведоци од позиција на моќ, кога станува збор за министер, заменик министер, директор? Живи изгореа 14 луѓе. Во болница. А вие зборувате за политички пресметки, премиере. Толку“, пишува во Фејсбук статусот на Мери Јордановска.