понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Јовановски: Во Грција се забележува триумфализам и апсолвирано е дека прифативме ерга омнес, сигурни се дека ги имаат добиено преговорите

Јовановски: Во Грција се забележува триумфализам и апсолвирано е дека прифативме ерга омнес, сигурни се дека ги имаат добиено преговорите

Ципрас без договор доби многу нешта што Андонис Самарас ни на сон не можеше да ги добие. Во Грција може да се забележи еден вид на триумфализам затоа што таму е апсолвирано дека имаме прифатено ерга омнес.  Читајте ги грчките медиуми, тие се сигурни дека ја имаат добиено работата. Грција доби многу и дури и да не се потпише сега договор, стартната позиција на идниот грчки преговарачки тим ќе биде многу покомотна во однос на идниот македонски тим. Од лошо ни иде на полошо, изјави во емисијата Ѕид на Алфа, професорот по историја и еден од најголемите познавачи на македонско-грчките односи, Далибор Јовановски.

– Доколку се прифатат грчките барања, ќе имаме тешки последици по Република Македонија, затоа што повеќе од јасно, затоа што дури и најлибералната влада на Грција, владата на Ципрас апсолутно нема намера да прифати македонски идентитет како што ние сакаме да го прифатиме. Повеќе од очигледно е дека и оваа грчка влада нема да прифати македонски јазик со превод од македонски на други јазици вклучително и на грчки, вели Јовановски.

Јовановски потенцираше дека во овој момент малку е веројатно дека грчкиот парламент ќе го ратификува договорот  и затоа е најдобро доколку ратификацијата оди паралелно во двата парламенти.  Бидејќи како што додаде грчката опозицијата јавно кажува дека нема да прифати ништо што е спротивно од грчките интереси, а коалициониот партнер на Ципрас постојано повторува дека се спротивставува името Македонија да стои во конечното решение.

– Грција има страшна дипломатија и многу често нивните успеси не се должеле на војнички победи туку на нивната дипломатија и сега од една страна има дипломатија со искуство наспроти дипломатија која не знае што прави, истакна Јовановски.

Во однос на јазикот Јовановски нагласи дека дури и сега по некое чудо се спаси македонскиот јазик, при евентуален влез во ЕУ, Грција повторно ќе го отвори прашањето за јазикот бидејќи таму македонскиот треба да биде службен јазик, а тоа го истакна и Мицотакис кој се поверојатно дека ќе ја формира идната грчка влада кој изјави дека доколку договорот во иднина не им одговара повторно ќе ги отворат некои прашања.

Најнови вести