среда, 22. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ЈП Лајка оствари средба со градоначалникот на Штип

ЈП Лајка оствари средба со градоначалникот на Штип

Директорот на ЈП Лајка – Скопје, Војислав Димитровски заедно со претседателката на Управниот одбор на ЈП Лајка, Милка Докузова деновиве одржаа состанок со градоначалникот на Општина Штип и претставници од Одделението за комунални дејности при Општина Штип.

На овој работен состанок се разгледуваа и дискутираа неколку значајни прашање во однос на изготвување на план стратегија за решавање на долгогодишниот проблем со бездомните кучиња со кој се соочува градот Штип.

Воедно оваа средба значи и воспоставување долгорочна меѓусебна соработка помеѓу градовите Скопје и Штип, во насока на разменување на искуства, решенија и програма за идни кампањи за подигање на јавната свест во однос на бездомните кучиња, едукација на граѓаните и водење логистика.

Најнови вести