среда, 27. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

„Каде се 30-те фабрики кои Заев и Анѓушев ги најавија? Сигурно во нивниот виртуелен свет!“

„Каде се 30-те фабрики кои Заев и Анѓушев ги најавија? Сигурно во нивниот виртуелен свет!“

Официјалните податоци објавени од НБРМ за вториот квартал за приливот на СДИ во земјата покажуваат рекордно најниско ниво.

Имено, во вториот квартал од 2019 година е забележан прилив на СДИ од незначителни 6 милиони евра, додека за целото полугодие (јануари-јуни) од 2019 година приливот на СДИ изнесува катастрофални 55.6 милиони евра. Ова е историски најниско ниво на СДИ споредено со целиот изминат период и најдобра потврда за сите лаги и манипулации на Заев и Анѓушев за рекордни СДИ во земјата., оценува Комисијата за економија на ВМРО-ДПМНЕ.

-Дополнително, ако го земеме во предвид фактот дека Владата на Заев за 2019 година има издвоено средства од буџетот за поддршка на приватниот сектор, вклучувајќи финансиска поддршка за странски компании од 60-70 милиони евра, ќе заклучиме дека всушност државната помош е поголема од реалните инвестиции на компаниите.
Ова се резултатите од политиките на двоецот Заев-Анѓнушев! Вака блеска економијата во нивниот виртуелен свет, порачуваат тие.

Најнови вести