сабота, 16. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Каде во Македонија има најмногу снег? На Шапка дури 60 сантиметри!

Каде во Македонија има најмногу снег? На Шапка дури 60 сантиметри!

На Попова Шапка има снежна покривка од 60 сантиметри, во Маврово 10, а осум во Лзарополе, соопшти УХМР.

Најмногу дожд, пак, во изминатотото деноноќие наврна во Демир Капија 19 читри на метар квадратен, во Маврово 15 и во Охрид девет литри.

Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, кои попладне и во текот на ноќта на повеќе места ќе бидат обилни (над 30 л/м2). На планините, а попладне и на некои повисоки места ќе има врнежи од снег. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12 степени.

Во Скопје облачно со повремени врнежи од дожд, пообилни попладне и во текот на ноќта. Ќе дува умерен ветер од југоисточен правец, кој повремено ќе засилува. Максималната температура ќе достигне 10 степени. (МИА)

Најнови вести