Времето утре ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремен пороен дожд, грмежи и засилен јужен ветер. На места врнежите ќе бидат пообилни.
Во Скопје променливо облачно со умерен, повремено засилен ветер од јужен правец. Околу пладне и попладне ќе биде нестабилно со повремен пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Во недела наутро се уште ќе има локален дожд, а во текот на денот облачноста ќе се намали.
Ќе дува силен северен ветер што ќе услови значително намалување на дневната, а од понеделник и на утринската температура.