петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Каменос ќе си поднесе оставка, ако Договорот од Преспа помине во македонското Собрание

Каменос ќе си поднесе оставка, ако Договорот од Преспа помине во македонското Собрание

Коалицискиот партнер во грчката Влада, министер за одбрана и лидер на Независни Грци, Панос Каменос, нема да чека Договорот од Преспа да стигне во грчкиот Парламент, туку штом поминат и завршат процедурите во македонското Собрание, ќе си поднесе оставка и ќе се повлече од Владата, јави дописничката на МИА од Атина.

-Ако продолжи и се изгласа Договорот од Преспа од страна на поранешната југословенска Република Македонија, јас ќе си дадам оставка од Министерството за национална одбрана, преземајќи ја целата тежина на оваа одговорност. Ќе се повлечам од Владата, рече Каменос од грчкиот град Лариса, во неговото обраќање во седиштето на воздухопловните сили и објасни дека како политички шеф на армијата, обврзан е да преземе одговорност и во однос на националните прашања.

Досега, ставот на Каменос беше дека ќе се повлече од Владата, кога Договорот од Преспа ќе стигне за ратификација во грчкиот Парламент, а не штом помине во македонското Собрание.

По средбите и активностите во седиштето на грчките воздухопловни сили, Каменос даде изјава за медиумите и откри дека при вчерашна посета на караулите им рекол на припадниците на грчката војска дека тоа можеби е и негова последна посета.

 

 

Најнови вести