вторник, 14. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Канал5: Некој нелегално ноќе си гради зад поликлиниката Бит Пазар, никој не знае кој (ФОТО)

Канал5: Некој нелегално ноќе си гради зад поликлиниката Бит Пазар, никој не знае кој (ФОТО)

Непознат сторител со помош на тешка механизација го разорал просторот зад поликлиниката Бит Пазар, јавува Канал5 телевизија.

Како што информираат од Канал 5 стапиле во контакт со директорот на Здравствен дом Скопје, Виктор Исјановски , но и тој не знае кој гради , прекопува и со чија дозвола.

Исјановски пријавил во полиција , но од таму нема реакција. „Некој сакал да гради против правно без дозвола од општина и од поликлиниката при што оштетил дел од оградата, излезени на лице место полициски службеници од ЕВР Центар и Бит Пазар и известен е дежурен ЈО.“ стои во пријавата на МВР, без да се наведе за кого станува збор и како е можно никој да не забележал дека се вршат градежни работи во двор на фреквентна здравствена установа. Очевидците велат дека оградата била урната попладнево, кога сите вработени си заминале дома.

Најнови вести