среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Нелегално наплаќале паркинг во близина на поликлиниката Бит Пазар

Нелегално наплаќале паркинг во близина на поликлиниката Бит Пазар

Денеска (31.10.2023), во близина на Јавната здравствена установа – Поликлиника Бит Пазар во Скопје, полициски службеници од Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје во содејство со Државниот пазарен инспекторат и Управата за јавни приходи, извршија контрола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „узурпација на недвижности” по чл.225  и  кривично дело „бесправно градење”  од чл.244-а од КЗ.

На лице место се затекнати две лица, кои незаконски наплатувале за паркинг услуги.

По документирање на случаите,  ќе следат соодветни поднесоци до ОЈО Скопје.