вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Карапетров од Тетово: Доста е со распродажба и понижување на Македонија, Заев оди си

Карапетров од Тетово: Доста е со распродажба и понижување на Македонија, Заев оди си

Помина границата на срамот, многу боли се ова што го прави квинслингот Заев и неговата свита!Ако нашите дедовци и баби од 1941 до 1944 година се бореле против „администрација” како што манипулира Заев, тогаш тоа нив ги прави „окупатори ” а не ослободители. Не! Нашата слобода е дело на народната борба против окупаторот, со многу жртви, падови и победи. АСНОМ е вториот Илинден, вели Ангел Карапетров, претседател на ОК ВМРО-ДПМНЕ Тетово, на денешниот протест Оставка на Заев, слобода на народот.

Карапетров истакна дека нашите претци се бореле и со крв ја натопиле македонската земја давајќи илјадници жртви за слобода и создавањето на сопствена држава.

Денес сме тука обединети под бајракот на Македонија во оваа наша заедничка борба, борба за зачувување на сето она за што нашите претци се бореле и со крв ја натопиле македонската земја давајќи илјадници жртви за слобода и создавањето на сопствена држава. Денес, Заев тргува со Македонија и сака да создаде вештачка нација, се откажува од историјата и борците од АСНОМ и застанува на страната на фашистите, меѓутоа тој може тоа да го прави само за себе, не смее да го прави за целата нација, нема мандат за тоа и никој не му даде право за тоа, вели тој.

Карапетров посочи дека е потребно заминување на Заев од власт нагласувајќи дека е доста со распродавање и понижување на Македонија.Квинслингот Заев и неговата свита мора да замине, но и да одговараат за предавствата кои и ги сторија на МАКЕДОНИЈА и на Македонскиот народ.Заедно со тетовчани денес порачуваме. ДОСТА е со распродавање и понижување на Македонија. Заев оди си, истакна Карапетров.

Најнови вести