Зелената ДУИ на Ахмети и листопадната СДСМ на Заев направија таква штета на Тетово што речиси е невозможно да се поправи. Ветуваа се и сешто, од подземни контејнери до стандардни претоварни станици, регионална депонија, зеленило и паркови. Ветуваа ширење на градот, катни гаражи, ред во сообраќајот и што ли уште не, истакнува Ангел Карапетров, претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Тетово.
Во продолжение следува интегрален текст од коментарот на денот:
Ветуваа европско Тетово.
Но, ветувањата останаа на „ЌЕ“.
Наместо претоварна станица според стандарди, имаме импровизирана депонија во Фалише, каде се истура целиот отпад од градот, директно на земја, загадувајќи ја околината. Не се реши ниту проблемот со депониите околу градот и во градот. Тетово стана ГРАД ДЕПОНИЈА. Не се реши ниту проблемот со водата за пиење, која дивите приклучување и губењето на вода во старата водоводна мрежа го оставаат стариот дел на Тетово без вода. Шумите се масакрираат од дивата сеча и изградбата на патишта до малите централи со кои се уништуваат и реките.
Тетово се уште нема прочистителна станица за отпадни води.
Наместо зеленило и паркови, никнуваат згради како печурки за кои нема предвидено паркинг места, или ги има само на хартија, а на уличките во централното градско подрачје владее тотален сообраќаен ХАОС, и населението кое живее таму е принудено да се справува како знае и умее.
Дополнително, се загрижени за состојбата со Шар Планина, каде наместо ревитализација која одамна требаше да се случи, власта најавува голф терени.
Топло им препорачуваме да се освестат, да гледаат најбрзо да го решат овој проблем, а не да излегуваат со вакви смешни изјави.
За жал, Тетово е еден од најзагадените градови во Македонија и покрај тоа што „Југохром“ го затворија.
ДУИ и СДСМ на дело ја покажаа својата зелена агенда, за која со сигурност ќе бидат казнети на овие избори.