вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Ким Џонг Ун го послуша Заев: Ќе ги прекине нуклеарните и ракетни тестови

Ким Џонг Ун го послуша Заев: Ќе ги прекине нуклеарните и ракетни тестови

После жестокиот притисок од страна на македонскиот премиер врз лидерот на Северна Кореја, да ги прекине нуклеарните и ракетни тестови, вродија со успех. Северна Кореја соопшти дека ги прекинала тестовите на балистичките ракети со долг домет и планира да ги затвори полигоните за тестирање на нуклеарни бомби. Ова е голем успех на македонската дипломатија и нашиот премиер, пишува Лидер.

Во септември 2017 година премиерот Зоран Заев ја повика Северна Кореја веднаш да се откаже од нуклеарната и ракетната програма во неговото обраќање пред 72. Генерално собрание на Обединетите нации во Њујорк.

Заев рече дека клучот да се избегнат можни катастрофални последици за идните генерации е во резолуциите на Советот за безбедност за Северна Кореја, која, како што кажа тој, спроведува нуклеарни проби и ракетни тестови игнорирајќи ги повиците од меѓународната заедница.

„Имплементацијата на резолуциите на Советот за безбедност е клуч да се избегнат можните катастрофални последици за идните генерации. Длабоко сме вознемирени од унилатералните акции на Северна Кореја. Тие спроведуваат нуклеарни проби и лансираат ракети и покрај постојаните повици од меѓународната заедница да ги почитуваат резолуциите на Советот за безбедност. Веруваме дека мирната денуклеаризација на корејскиот полуостров е изводливо решение и затоа ја повикуваме Северна Кореја веднаш да се откаже од нуклеарната и ракетната програма и да го потпише и да го ратификува договорот за забрана на нуклеарни проби“, кажа Заев во обраќањето.

Извор: ЛИДЕР

Најнови вести