Не гледам дека нешто ќе се смени со ова реконструкција, ова пред се е маневар за спасување на владата, смета Сашо Клековски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во вечерашното гостување во емисијата Топ тема на Ваша страна на телевизија Телма.
Клековски истакна дека владата на СДСМ и ДУИ го злоупотребуваат терминот за европска Македонија, се со цел да си ја сокријат и неспособноста и корупцијата, укажувајќи дека според анкетата на Евротинки за прв пат во историјата на Македонија, поддршката од граѓаните за Европската унија паднала под 50 проценти. Обидите на власта да го прикажат ВМРО-ДПМНЕ, според Клековски, веќе стануваат излиени и досадни фрази.
Не познавам луѓе на анкети кои што би одговориле дека не се за Европа или се за некаква поинаква Македонија. и во основа СДСМ и ДУИ манипулирајќи го терминот ЗА Европа, ЗА Европска Македонија, а позади тоа сокривајќи ја својата неспособност и корупција до придонесоа за прв пат во историјата на Македонија, поддршката за ЕУ, иако прашањето на Евротинк беше поинаку формирано, е под 50 проценти, рече тој.