Претставниците на Неформалната граѓанска иницијатива ,,Коалиција на Египќаните,, потпишаа Меморандум за соработка со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Демир Далип, претседателот на НГИ Коалиција на Египќаните вели дека врз основа на горенаведениот Меморандум за соработка се дел коалицијата „Обнова на Македонија“ и самиот факт дека Египканите во Охрид и Ресен, како втори по бројност, играат клучна улога кој ке биде идниот Градоначалник во Охрид и Ресен.
Имајки ги во предвид сите околности, долгогодишната соработка со ВМРО ДПМНЕ,пријателскиот и крајно корекниот однос на кандидатите за Градоначалници за Охрид и Ресен од редовите на ВМРО ДПМНЕ, како и безусловната подршка која ја дава лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Проф.Д-р Христијан Мицкоски за етничката заедница на Египканите во Македонија, но и Д-р Кирил Пецаков и Јован Тозиески, НГИ,,КОАЛИЦИЈА НА ЕГИПКАНИ,, ги повикува сите Египкани од Охрид и Струга, кои имаат право да гласаат, масовно да излезат на 31 Октомври, и да ги подржат, се вели во Дописот .