среда, 13. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Коалициониот партнер на Заев се огласи за повикот на Ахмети од Хаг: И Шешељ прво го викнаа како сведок, па го осудија!

Коалициониот партнер на Заев се огласи за повикот на Ахмети од Хаг: И Шешељ прво го викнаа како сведок, па го осудија!

Повеќе од сигурно е дека преговорите за ново парламентарно мнозинство ќе одат тешко, но убеден сум дека влада ќе има, рече лидерот на НСДП и коалиционен партнер на Зоран Заев, Тито Петковски.

-Влада ќе има, каква ќе биде не знам. Отворањето на проблемот – нови избори или чекањето до година… дефинитивно се укочуваат сите реформи, се губи чекорот со ЕУ, порача Петковски на Канал 5.

Според него, предлогот на ДУИ за Албанец премиер е невешт предизборен обид да се добијат повеќе пратеници.

-Луѓето велат за време на избори и на риболов се лаже најмногу. Така тие сега признаваат дека би направиле концесија, но сега има дру елемент. Ахмети е повикан на Хаг како сведок. Но така беше и со Шешељ – го повикаа како сведок па го осудија. Немам никакви информации, но кога Хаг повикува сведоци повикува луѓе кои учествувале во разни дела против човештвото,  посочи Петковски.

Најнови вести