вторник, 12. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

„Коалицијата на Ковачевски се помала, сите бегаат од бродот што тоне, на крај ќе остане само Пазар 3 коалицијата која ќе биде декласирана од народот на избори“

„Коалицијата на Ковачевски се помала, сите бегаат од бродот што тоне, на крај ќе остане само Пазар 3 коалицијата која ќе биде декласирана од народот на избори“

Со Ахмети и слугата Ковачевски нема иднина. Сите бегаат од бродот кој тоне. Прво беше Алтернатива, а сега Демократскиот сојуз, ова вечерва преку соопштение до јавноста го истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од таму додаваат дека ја поздравуваме одлуката на Демократскиот сојуз да излезе од владата и ги охрабруваме другите партии да го следат таквиот пример и да не се соучесници во неспособниот систем кој ја распаѓа државата. Таквата одлука е потврда дека на рати се распаѓа владината коалиција, за да на крај се заокружи и остане само “Пазар 3” коалицијата составена само од партиите обединети за тендери и криминал.

„Таквиот пакет групно ќе биде убедливо поразен на избори. Ако власта се одржува со тендери и криминал, на избори народот не се купува со криминал и тендери и тие ќе бидат поразени“, велат од партијата.

Најнови вести