сабота, 16. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Колариќ до Шилегов: Колку го применуваш Законот за безбедност и здравје при работа?

Колариќ до Шилегов: Колку го применуваш Законот за безбедност и здравје при работа?

Светлана Колариќ од ВМРО-ДПМНЕ на својот Фејсбук профил сподели статус во кој го прашува градоначалникот на Скопје Петре Шилегов колку го применува Законот за безбедност и здравје при работа?

-Петре Шилегов колку го применуваш Законот за безбедност и здравје при работа?
Дали вработените од инспекторат се доволно обучени и заштитени да се справат?
Дали се осигурани?
Дали работат ноќе без никаква заштита?
Законот е јасен, а ти по вокација Правник, вложувањето во вработените значи мотив и безбедност.
Тие треба да се вратат дома здрави и безбедни.
Си направил ли Анализа на ризик по работно место?
Одговор Веднаш!
Член 9 вели вака:
Работодавачот ги спроведува мерките за безбедност и здравје при работа врз основа
на следниве основни начела:
– избегнување на ризици,
– проценување на ризиците кои не можат да се избегнат,
– справување со ризиците на самиот почеток,
– прилагодување на работата кон поединецот, особено во однос на карактеристиките
на работното место и работната средина и олеснување на монотоната работа и
работата со претходно утврдено работно темпо
– изборот на личната заштитна опрема,
– изборот на хемиски супстанции или препарати,
– изборот на работни и производни методи,
– спроведување на мерките потребни за одржување и зајакнување на здравјето,
– прилагодување кон техничко-технолошкиот напредок,
– замена на опасното со безопасно или помалку опасно,
– развивање на целосна безбедносна стратегија која опфаќа, технологија,
организација на работа, работни услови, меѓучовечки односи и фактори кои влијаат
врз работната средина,
– давање приоритет на колективните безбедносни мерки наспроти поединечните
мерки и
– обезбедување на соодветни упатства и инструкции и известувања на вработените.
Член 10 вели вака:
Работодавачот мора работниот процес да го прилагоди кон способностите на
вработените, при што работната средина и средствата за работа мора да бидат
безбедни и безопасни по здравјето, земајќи ја предвид природата на работа, стои во нејзиниот пост на Фејсбук.

Петре Шилегов колку го применуваш Законот за безбедност и здравје при работа?Дали вработените од инспекторат се доволно…

Gepostet von Svetlana Kolarikj am Montag, 11. Mai 2020

 

Најнови вести