петок, 12. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Колку тежи Димитар Ковачевски: Три стана во Скопје, два автомобили, акции, заеми, сеф и неколку банкарски депозити

Колку тежи Димитар Ковачевски: Три стана во Скопје, два автомобили, акции, заеми, сеф и неколку банкарски депозити

Вчера вечер Собранието со 62 гласа „ЗА“ ја избра новата влада во која нов премиер е претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски.

Новиот премиер Ковачевски има рок од 30 дена да достави нов анкетен лист до Државната комисија за спречување на корупција.

Но, од податоците кои се јавно достапни на официјалната страна на Државната комисија за спречување на корупција, од стариот анкетен лист кој го достави како заменик министер за финансии може да се воочи дека премиерот Ковачевски е еден од побогатите премиери.

Имено, во својот анкетен лист Ковачевски пријавил три стана со паркинг место и тоа сите три во Скопје, со површина од 83, 70 како и 94 метри квадратни, од кои двата се стекнати со договор за купопродажба, додека за еден од становите во графата основ на стекнување стои дека е стекнат на друг начин.

Вкупната вредност на сите три стана изнесува 15.232.159 денари или над 250.000 евра.

На личен имот Ковачевски пријавил и еден автомобил марка Волксваген Поло 2013/2018 во вредност од 372.000 денари, како и Волксваген Пасат 2017/2020 во вредност од 1.023.000 денари како имот на брачен другар.

И двата автомобили се стекнати со договор за купопродажба. Во анкетниот лист стои дека и премиерот Ковачевски и неговата сопруга поседуваат хартии од вредност, односно удели и акции во вкупна вредност од 108.600 денари, но за што точно станува зборови не е појаснато, освен дека се стекнати на друг начин, а има и побарувања врз основ на заем и врз основа на дивиденди и тоа во вредност од 3.774.117 денари.

Во однос на банкарските депозити премиерот Ковачевски, во сопственост на неговата сопруга пријавил два банкарски депозити и тоа еден во Стопанска банка во вредност од 1.462.114 денари, додека другиот во Комерцијална банка во висина од 1.473.283 денари.

На име на имот на деца, пријавени се два девизни депозити во Комерцијална банка во висина од 2,354 евра, како и 4.906 евра, стекнати на друг начин. На свое лично име Ковачевски како заменик министер за финансии пријавил дека поседува девизни депозити, денарски, неколку трансакциски сметки, како и по една кредитна и платежна картичка но и сеф за кој не е наведена неговата вредност.

Ковачевски пријавил четири банкарски депозити во девизна вредност во висина од 51.356 евра, стекнати на друг начин, додека пак во денарски депозити пријавил дури 7.839.829 денари или во евра над 127.000 евра.

На личен имот Ковачевски пријавил и сеф во Комерцијална банка но графата во која се впишува вредноста е празна, а според описот на основ на стекнување, како и сето останато стои дека е стекнато на друг начин.

Но, дали имотната состојба на премиерот Ковачевски ќе се промени, ќе мора да почекаме да ја достави нов анкетен лист до Државната комисија за спречување на корупција во рок од 30 дена, како претседател на Владата, за да дознаеме колку всушност се збогатил од неговото министерување до денес.

Најнови вести