четврток, 11. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Колумна на Александар Ристевски: Таблетоманија

Колумна на Александар Ристевски: Таблетоманија

Неодамна, сосема случајно, преку мој пријател, здравствен работник, доктор од општа пракса, дознав за сајтот https://livedashboard.zdravstvo.gov.mk , официјален сајт под Министерството за здравство кој во живо на дневна основа ви дава колку пациенти дента биле на доктор, од што се пожалиле и што им било препишано, пишува Александар Ристевски во својата колумна „Таблетоманија“.

Колумната ви ја пренесуваме во продолжение:

„Првенствено, бев запрепастен од обемот на работа која ја имаат македонските доктори. Немав претстава дека толку просечниот македонски граѓанин оди на доктор, но подоцна ми се врати филмот за еден интересен факт. Имено, кога до пред некоја година ќе отидев во приватната амбуланта каде е мојот матичен лекар и уште неколкумина, гужви имаше кога ќе е сезона на грип, обично на есен. Вообичаено, брзо се стигнуваше на ред.  Сега, нема ден да не  е преполно, дење/ноќе.

Во дебата на социјалните мрежи, еден мој пријател искоментира дека народот е безволен и летаргичен, дека само седи дома, дека гледа серии, се кара на фејсбук и твитер, а е целосно безволен, летаргичен, и дека е затруен од дневната политика и се она што се случува во државата. Дека е уплашен за сопствената егзистенција, дека не верува никому за ништо и дека хронично не му е добро и кисне по доктори. А доктори има се во помал број. Истите кариерното и егзистенционалното прашање во најголем дел, решија да го побараат во Германија.

Да се навратиме на народот наш напатен. Видете од што се жали на доктор просечниот македонски граѓанин.

Главните дијагнози кои им се востановуваат на пациентите скоро секој ден, според шифрите кои докторите ги внесуваат во системот, се следните:

  • i10 хипертензија
  • e11 дијабет тип 2
  • j03 акутен тонзилит
  • n40 простатична хиперплазија
  • j20 бронхит
  • e78 висок холестерол
  • z00 општ преглед
  • j02 фарингит
  • z76 административна шифра
  • e03 хипотиреоза

Видливо е доминира се што е поврзано на база на стрес, на нервна база и последиците од таквите состојби. Очигледно е дека нашиот народ е под постојана психоза. Лекарите од немајкаде ги клукаат луѓето со антидепресиви. Зарем е нормално во држава во која живеат помалку од 2 милиони жители, да на дневна основа се препишува по околу  10.000 рецепти за дијазепам? Тоа се цирка 300.000 рецепти месечно.

Земете во предвид дека еден куп луѓе конзумираат алкохол на редовна основа, пушат марихуана, или користат други опојни средства, а по ново забележувам дека е голем интересот за маслото од канабис, кое  е нов вносен бизнис за многумина и од политичката елита

Што друго да се рече освен дека сме хронично ИЗДРОГИРАНА НАЦИЈА“-напиша тој.

Најнови вести