недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Коментар на денот – Стоилковски: Зад молкот од Шилегов и Заев за Марин се сокрива теркот на работа на СДСМ на локално ниво

Коментар на денот – Стоилковски: Зад молкот од Шилегов и Заев за Марин се сокрива теркот на работа на СДСМ на локално ниво

Денови и недели изминуваат, а СДСМ се надева дека ќе се заборават оние набавки што ги прават функционери од СДСМ, а се со крајно сомнителна содржина. Сомнителна – од аспект на криминал и корупција, нешто што ја отсликува работата на СДСМ во владеењето. Недели минуваат, сите зборуваат за тендерите во Аеродром, а Петре Шилегов нема ниту збор за набавките на Златко Марин и неговите ценовници со 300 евра едно метро дрвена даска, 150 евра едно метро метална цевка, 800 евра за лед сијаличка, 800 евра за ПВЦ внатрешна врата, чешма од илјада и сто евра и што се не нема во неговите склучени договори, изјави денеска во коментар на денот, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

– Петре Шилегов е градоначалник на Скопје, а се однесува како Аеродром да не е во Скопје, ниту како Златко Марин да не е од неговото СДСМ. Уште повеќе, Петре Шилегов се однесува како да не е претседател на ЗЕЛС – тоа е она тело каде Шилегов е сега претседател на сите градоначалници. Со тоа Шилегов молкум одобрува ваков систем на нереални ценовници во тендерите на градоначалниците. Но не е само Шилегов. Со недели сета јавност зборува за набавките и тендерите на Марин, ама неговиот директен партиски шев, Зоран Заев нема никаква реакција. Златко Марин е негов директен пулен, Заев го промовираше во Аеродром, а сега молчи за овие скандалозни договори со целосно нереални цени. Молчи и се надева дека скандалот ќе мине туку – така, вели тој.

Стоилковски посочи дека овој молк од СДСМ има причина. Тој вели дека зад молкот од Шилегов и Заев за Марин се сокрива теркот на работа на СДСМ на локално ниво.

– Склучени договори по наводно најниска тендерска понуда, додека поединечните ставки во тендерот се целосно нереални. А зад цените и одлуките веројатно стојат други истанци, а не само Златко Марин или било кој градоначалник. Почитувани, онака како што работи Златко Марин, молкум поддржан од Шилегов и од Заев, е принцип на работа на СДСМ. Во само неколку ставки во договорите на Марин се крие сиот СДСМ. Залудно на тендерот наводно добива најевтината понуда, ако во него се кријат илјадници евра можен криминал и корупција. Токму затоа, по локалните избори ревизија мора да има, ќе мора да се откријат сите напумпани цени на врати, сијалици, чешми, даски, цевки, вештачки тревници, обрачи, а по ревизијата ќе следува и вистинска одговорност, додаде Стоилковски.

Најнови вести