На фотографијата е прикажано како работи СДСМ, реагираат од комисијата за инфраструктура, урбанизам и транспорт на ВМРО – ДПМНЕ.
Градоначалникот на град Скопје Петре Шилегов повеќе од месец дена не го санира кровот на средното хемиско училиште.
Во истиот месец дена имаше повеќе врнежи од дожд а сега и снег и настанатата штета секојдневно се зголемува. Но на Петре Шилегов не му е грижа за тоа поради тоа што не плаќа тој, туку граѓаните на Скопје плаќаат од својот џеб за неговото неработење и неодговорност.
Петре Шилегов ти поминува и претпоследната година од мандатот кој ти минува во зимски сон, стои во реакцијата на комисијата за инфраструктура, урбанизам и транспорт на ВМРО – ДПМНЕ