понеделник, 11. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Комисија за локална самоуправа на ВМРО-ДПМНЕ: На власт се доаѓа со резултати, а не со закани!

Комисија за локална самоуправа на ВМРО-ДПМНЕ: На власт се доаѓа со резултати, а не со закани!

НА ВЛАСТ СЕ ДОАЃА СО РЕЗУЛТАТИ, А НЕ СО ЗАКАНИ, порачуваат од Комисијата за локална самоуправа на ВМРО-ДПМНЕ.

Нивниот Фејсбук статус го пренесуваме во продолжение:

Последните закани од власта во заминување за 300 кривични пријави против кадри на ВМРО-ДПМНЕ не се ништо друго, освен нов предизборен политички прогон и предизборно сеење страв!

Навикнати со закани и уцени да ги остваруваат своите цели, си умислиле дека насилството се исплаќа и дека и овој пат насилството ќе биде нивната „добитна комбинација“.

Во крајно отсуство на било што со што може да се пофали, власта и нејзините нефункционални инсталации кои освен што лично се збогатија, не направија апсолутно ништо за народот, сега се во паничен обид да ја дефокусираат јавноста од нивната неспособност!

Така, наместо во предизборието да се пофалат со она што сработиле во периодот додека се на власт и така да ја освојат довербата кај граѓаните, тие повторно се навраќаат кон својата веќе позната матрица дека ќе успеат да останат на власт онака како што дојдоа – со насилство!

Колку и да се заканувате, колку и да глумите правда, бидете сигурни дека народот ја сфати вашата „вредност“ и затоа е и повеќе од одлучен во намерата да ги смени улогите на политичката сцена.

Ревизијата која ќе следува после 12ти април ќе ја даде точната дијагноза за правдата што вие ја донесовте и тогаш ќе следува одговорноста кај секој што се огрешил пред законот! Бидете подготвени!

На Македонија ù е потребна политичка платформа со конкретн идеи за решавање на проблемите кои благодарение на вас секојдневно се натрупуваат. Таквата политичка платформа ќе настапи на политичката сцена после 12ти април за да ви покаже и докаже што е правда, што е работа и што се резултати во корист на сите граѓани!

Најнови вести