четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Комисија за образование на ВМРО-ДПМНЕ: Веднаш да сопрат заканите до наставниците со казни од ДПИ

Комисија за образование на ВМРО-ДПМНЕ: Веднаш да сопрат заканите до наставниците со казни од ДПИ

Подготовките за вонредни состојби се прават пред нештата да се случат. Наместо решенија, од врвот за образованието секојдневно се испраќаат недоречености, постојани дописи со неостварливи барања. Затоа нагласуваме:

⚠️ Веднаш да сопрат заканите до наставниците со казни од ДПИ.
⚠️ Да не се инсистира на пополнување во е-дневник со програма која не е реализирана, туку да се сведе на бележење на реално оствареното.

Притисоците одат до таму што од наставниците се бара за сите одржани часови на дневно ниво да се прават извештаи за терминот на часот, присутни ученици (уклучени), обработена тематска единица и активност на учениците. А сето тоа и на неделно ниво само со цел притисок и контрола врз наставниците.
Зарем треба од наставниците да се бара да водат целосна евиденција во е-дневникот, кој патем, ретко кога дозволува пристап?
Ќе внесуваат ли наставни содржини за часови што реално не се одржани?
А, впрочем: Е-дневникот, требаше нели и да се укине?

Нема никаква потреба од дополнителен притисок со административни дописи до наставниците.
Наставникот може најдобро да процени на кој начин треба да работи со своите ученици, какви и колку задолженија да им дава и на кој начин да ги оцени.

Најнови вести