До кога СДС ке се коцка со здравјето на народот. Уште колку човечки животи треба да се изгубат за да се освестат дека ова не е играчка.
-Добивме информација дека во текот на оваа недела во подрачната служба во Кисела Вода на Меѓуопштински Центар за социјална работа во Скопје има позитивен случај на КОВИД-19. Имено, вработена (за која што имаме точно име и презиме) во подрачната службата која последен пат била на работа на 15.06.2020 година е позитивна на вирусот. Таа направила тестирање на 18.06.2020, а позитивниот резултат го добила на 19.06.2020 година. Нејзините колеги, со кои до понеделникот била во контакт се во страв и паника и бараат да бидат ставени во самоизолација. Дел од нив дури и самоиницијативно и на свој трошок направиле тест во една приватна клиника. Но бројката на вработени со кои таа изминатиов период била во директен контакт не е мала, околу 20 лица, кои пак секој од нив имал контакт со уште по најмалку 10 лица, сите вработени во Меѓуопштинскиот центар за социјална работа, кој брои околу 300 вработени. А да не зборуваме пак сите тие со колку странки, корисници на права и услуги од социјална и детска заштита имале контакт, велат од Комисијата.
Сето ова не е значајно за Министерството за Труд и Социјална Политика. Првично кога вработената ги добила симптомите, им кажале дека мора да одат на работа додека не се потврди присуството на вирусот кај вработената. Од кога таа ги добила резултатите и ги известила колегите и претпоставените, не им дозволуваат на вработените, примарните контакти да одат во самоизолација се додека не добијат решение од ЦЈЗ , кое може и да не го добијат.
Дали СДС со ова не ги крши нивните човекови права? Дали СДС свесно сакаат да се прошири заразата? Дали е ова правиот пат на СДС до комплетно уништување на Македонската нација?