Специјализираниот портал „Јуропеан Супермаркет Магазин“ (ЕСМ) објави дека германскиот трговски синџир „Лидл“ ќе го отвора својот прв маркет во Република Македонија.
Како што наведува ЕСМ, германската компанија во февруари регистрирала своја подружница во земјава со кој ќе раководат Милена Драгијска, Бисер Инчовски и Љубомир Хрсев. Предвидено е „Лидл” на стартот да инвестира 500.000 евра во земјава.