сабота, 3. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Координаторот на ДУИ Алими до Заев: Срам ми е што сум дел од ова Собрание, апсете ме!

Координаторот на ДУИ Алими до Заев: Срам ми е што сум дел од ова Собрание, апсете ме!

Координаторот на пратеничката група на ДУИ, Ејуп Алими на вчерашната седница за пратенички прашања во Собранието, бурно реагираше на апсењето на поранешниот припадник на ОВК, Томор Морина.

Тој беше уапсен врз основа на потерница на Интерпол издадена од соседна Србија.

„Мене ми е срам што сум дел од ова Собрание. Апсете ме слободно, еве го повикувам министерот Спасовски да го стори тоа. Да се избришат постапките на Милошевиќ, а вие премиере Заев треба да се засрамите“, истакна Алими.

Најнови вести