Портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов изјави дека неговата мајка се повлекува од работното место. Тој вели дека е се законски, но ова е од морален чин.
Не може да каже во име на другите функционери, но очекува да го следат неговиот пример.
Костадинов не открива каде ќе работи сега неговата мајка, но вели дека нема да биде во државна институција.
Фанија Костадинова беше вработена во централен регистар во Струмица. Оставката следува по изјавата на премиерот Зоран Заев, дека дел од роднините на функционерите ќе се повлечат од работните места.
Прашањето и одговорот можете да ги проследите од 3:15 на ова видео.
Во меѓувреме, антикорупциска ги проверува вработувањата на 18 роднини на функционери дали имало влијание и судир на интереси.