вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Котлар: Се обврзувам на мое како и одговорно работење на целата администрација и советници на Центар

Котлар: Се обврзувам на мое како и одговорно работење на целата администрација и советници на Центар

Кандидатката која, за општина Центар на престојните локални избори, влегува во трка како независен кандидат и која ја доби поддршката од страна на најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ, професорката Наташа Котлар- Трајкова вели дека Центар заслужува да биде урбана и соодветна општина за живеење.

Таа во емисијата „Што не е јасно“ на Алфа телевизија се обрза дека почнувајќи од нејзе, како градоначалник, па се до советниците и целокупната администрација ќе работата одговорно и во интерес на нејзините жители. Таа додаде дека не се лиши од својата научна професија за да биде како досегашните градоначалници, потенцирајќи дека дава голем залог за овој нејзин сегашен политички ангажман за трка во прв човек на општина Центар.

„Јас не се лишам од својата професија за да бидам како другите досегашни градоначалници. Јас давам преголем залог за сегашниот мој политички ангажман. Така што, ако не верувам дека ние ќе се справиме со предизвикот што значи Центар да биде една урбана, соодветна општина. Центар е домаќин на најважните државни институции, тука е Владата, Претседателот, Собранието“, истакна Котлар.

Центар мора да биде лик и дело за оние кои ја преставуваат државата и соодветна за живеење на нејзините жители, затоа, додава Котлар, јас се обврзувам на одговорно работење на сите чинители во општината, почнувајќи од мене како носител на функцијата градоначалник, така и од советниците и целокупната администрација.

Таа вели дека посакува и се надева дека на овие локални избори ќе преовладува позитивна кампања и се надева дека сите кандидати кои се натпреваруваат за било која општина ќе покажат много повисоко ниво на култура и воспитување. Таа додаде дека на македонската политичка сцена и те како е потребна промена во однесувањето и во делувањето на сите кои се занимаат со политика.

Најнови вести