петок, 22. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Ковачевски и Груби со најлоша оценка од граѓаните, покажува најновата анкета на ИРИ

Ковачевски и Груби со најлоша оценка од граѓаните, покажува најновата анкета на ИРИ

Премиерот на владата Димитар Ковачевски и првиот вицепремиер на владата и министер за политички систем и односи за заедниците Артан Груби се со најлоша оценка од граѓаните покажува најновата анкета на Меѓународниот републикански институт ИРИ спроведена на 1208 испитаници во период од 8 април до 4 мај 2023 година.

На прашањето кои тројца министри во Владата не си ја вршат својата работа како што треба дури 11 проценти од граѓаните сметаат дека тоа е првиот вицепремиер и министер Груби, додека веднаш по него со најлоша оценка или 9 проценти е премиерот Ковачевски, а како трет е министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Додека пак 34 проценти од анкетираните граѓани сметаат дека сите министри во владата на СДСМ и ДУИ не си ја вршат својата работа како треба.

За вицепремиерот Груби анкетата на ИРИ е релевантна со оглед дека на својот официјален фејбук профил го објавил резултатот од анкетата, но само каде што стои дека Демократската унија за интеграции е убедливо прва во албанскиот политички кампус, како и дека Али Ахмети е најподржуван лидер. Но, не објавил дека токму него граѓаните го оценуваат како еден од тројцата министри во владата кој не си ја врши својата работа како што треба.

За потсетување на јавноста, имињата на премиерот Ковачевски и првиот вицепремиер Груби се вмешани во крупни скандали за кои се уште нема никаква правна разрешница.

Најнови вести