четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Ковачевски: И протоколот со Бугарија ќе биде објавен

Ковачевски: И протоколот со Бугарија ќе биде објавен

Премиерот Димитар Ковачевски на заедничката прес-конференција со претседателот на Европскиот совет на ЕУ, Шарл Мишел, најави дека, покрај францускиот предлог, ќе биде објавен и Протоколот за спроведувањето на ДОговорот за добрососедство со Бугарија.

„Францускиот предлог е предлог во кој се вклучени нашите забелешки и јасни ставови, ќе биде објавен и билатералниот протокол со Република Бугарија.

Протоколот не е нотиран во преговарачката рамкја, тој е билатерален документ кој не е дел од европскиот пакет. Тие само временски коинцидираат.“, рече Ковачевски.

Тој пред Мишел рече дека преговорите со ЕУ ќе започнат со задржани црвени линии и со чист македонски јазик.

„Овој предлог е основа за напредок и обезбедување на она што цели 17 години го чекаме. Предлогот е во целосна согласност со Резолуцијата за нашите позиции во спорот со Бугарија.

Од нас зависи одлуката за иднината на државата и граѓаните, кои заслужуваат да живеат по европски стандарди. Македонскиот народ ниту некој успеал да го асимилира, ниту некогаш ќе се случи да го модифицира.

Ќе имаме време за затворање на отворените прашања со соседите, се додека тие не бидат праведни за двете страни. Сега е дојден моментот кога ќе ја оставиме дневната политика и да постапиме државнички и одговорно и доследно да се држиме до позициите во секој поглед“, наведе Ковачевски.

Најнови вести