понеделник, 11. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Ковачевски: Имаме комплетно легитимна Влада која успешно се справува со сите предизвици

Ковачевски: Имаме комплетно легитимна Влада која успешно се справува со сите предизвици

Премиерот Димитар Ковачевски во интервју за ТВ „Сител“ истакна дека државата има легитимна Влада која се справува со сите предизвици како што се здравствената, економската и енергетската криза како последица од војната во Украина.

„Затоа велам дека е неискрено барањето на опозицијата. Таа лидерска средба не беше побарана да се решаваат проблемите во државата, туку беше побарана со една единствена цел практично како некаква уцена да се седне и да се договори датум за предвремени избори. Во едни такви услови најмалку што и е потребно на државата се избори, бидејќи знаеме дека изборите се период кога комплетно замира економската активност и дека сите процеси кога се насочуваат кон организирање на избори ќе бидат уште еден товар врз македонската економија“, нагласи Ковачевски.

Ковачевски додаде дека Влада низ дијалог ги носи сите одлуки, особено оние најзначајните и најголеми одлуки како што беа минималната плата и пензиите.

Исто така, Влада на почетокот на својот мандат во изминатите 100 дена, рече Ковачевски, донесе пакет од 26 антикризни мерки со цел справување со сите кризи со кои се соочува Европа и нашата држава и тој пакет на мерки беше донесен низ инклузивен и широк дијалог со сите стопански комори, со претставници на најголемите компании, со експертската јавност и академската јавност.

„На тој состанок единствено не присуствуваа двајца експерти кои што се членови на раководни тела на ВМРО – ДПМНЕ, што значи дека на таква понуда е практично неискрен чекор со цел остварување на дневно политички цели“, потенцираше Ковачевски и додаде дека парламентот е местото за сите клучни области каде што треба да учествуваат сите политички партии.

Најнови вести