вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Ковачевски промовира проект на ВМРО-ДПМНЕ, реагираат од партијата

Ковачевски промовира проект на ВМРО-ДПМНЕ, реагираат од партијата

Директорот на ЕЛЕМ (ЕСМ) Васко Ковачевски соочен со незадоволството од своите сопартијци, но и незадоволството од граѓаните, немајќи сопствени идеи, без срам и перде ја промовира Топлификација Битола како проект на СДСМ во 2021 година, кој беше проект на ВМРО-ДПМНЕ од далечната 2015 година. Уште еднаш ги потсетуваме СДСМ дека тендерската постапка за истиот предмет беше на најтранспарентен начин објавена во Јуни 2017 година, а во фаза на евалуација на техничките понуди беше запрена од страна на раководството на АД „ЕЛЕМ” по директива на тогашниот заменик претседател на Владата задолжен за економски прашања и главен креатор на Енергетската политика на СДСМ, Кочо Анѓушев. Единствената причина за поништувањето на постапката најверојатно беше што проектот беше на ВМРО-ДПМНЕ, реагираат од партијата.

-Ковачевски заборави дека изградбата на системот за топлификација требаше да има директно влијание врз намалување на емисиите од согорување на дрвото, нафтата, мазутот и фосилните горива во малите домашни печки, како и во печките на јавните и комерцијалните објекти, со што ќе има директен импакт врз зголемување на квалитетот на амбиенталниот воздух и на зголемување на квалитетот на животот на граѓаните во регионот, Ковачевски заборави дека граѓаните на Битола требаше да ја добијат топлинската енергија за грејната сезона 2018-2019 година. Наместо тоа, Ковачевски ги труе на граѓаните на Битола и регионот затоа што изминативе 5 години не постави филтри на РЕК Битола, а прва одлука откако седна на директорското столче беше поништување на тендерот за набавка на електростатски филтри, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

„За жал поради криминалното работење во овие четири години, Електрани на Македонија од една од најуспешните компании стана загубар, кој под превезот на „Транзиција на јаглен во обноливи извори“ СДСМ планира да го затвори. Доказ за неспособноста и поставувањето на партиски војници лојални на СДСМ на раководни позиции во РЕК Битола и деградирање на способните кадри и искусни инженери е фактот дека за пет години СДСМ не успеа ни да прочита дека проектот на ВМРО ДПМНЕ за Топлификација на Битола Новаци и Могила ќе го подобри квалитетот на амбиенталниот воздух и на зголемување на квалитетот на животот на граѓаните во регионот. Истите кадри кои СДСМ ги деградираше пред триесет години го изградија комплетно третиот Блок на РЕК Битола за помалку од четири години“ – истакнуваат во партиското соопштение.

Најнови вести