сабота, 25. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Koвачевски за Мерко: Кога би се нашол на црна листа на САД не само што би поднел оставка, туку би го сметал за најголем пораз во кариерата

Koвачевски за Мерко: Кога би се нашол на црна листа на САД не само што би поднел оставка, туку би го сметал за најголем пораз во кариерата

Доколку премиерот Ковачевски би се нашол на црната листа на САД, тој тоа би го сметал за најголем пораз во неговата кариера, рече денеска премиерот Димитар Ковачевски запрашан за коментар откако името на градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко, се појави на црната листа на САД.

„Јас да се најдам на црната листа на САД, како човек којшто дел од своето образование го завршил во САД, не што ќе си дадам оставка, јас тоа ќе го сметам за најголем пораз во мојата лична и професионална кариера“, рече Ковачевски.

Најнови вести