вторник, 14. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Ковачки упати порака до раководството на СДСМ

Ковачки упати порака до раководството на СДСМ

Бројките на починати и заразени во Македонија секојдневно растат. Мерки нема. Власта крена раце од борбата со КОВИД-19 и свесно ја втурна државата во криза. Состојбата излезе од контрола поради неспособноста и неодговорниот однос на раководството на СДСМ, реагира Драган Ковачки.

-Ја прогласија короната за победена, тргнаа во кампања и ете го резултатот од таа победа. И наместо раководството на СДСМ да се зафати со решавање на кризата, тоа брза на избори, за да спаси што може. Сепак, знаат и самите се свесни оти спас нема. Титаник веќе удри во сантата мраз и тоне, а капетанот на бродот се’ уште ги убедува и храбри патниците дека музиката што ја свири бродскиот оркестар е прекрасна. Но тој, капетанот, не им кажува дека за него има чамец што го подготвил за себе. На неодговорното, себично и анти-државно однесување, на соодветен државнички начин одговори Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, г-дин Христијан Мицкоски со 2 конкретни, оправдани и разумни барања за надминување на состојбата. За да одиме на избори потребни ни се прецизни процедури за заштита на гласачите и присуство на мисијата на ОБСЕ/ОДИХР како гаранција за кредибилноста на целиот изборен процес, што за волја на вистината досега го испоганија со насилство и поткуп. Нема нешто што е поважно од безбедноста и здравјето на оние од кои ја бараме нивната поддршка, оти ние постоиме за нив, а не тие за нас, истакна тој.

Ковачки упати порака до раководството на СДСМ:

„Дајте да ги надминеме суетите и личните желби и во прв план да ги ставиме државните интереси. 7-10 дена плус или минус нема да сменат ништо во изборните резултати, но може да сменат многу во перцепцијата дали созреваме како демократска нација.

Иако видовме колку сте (не)демократи, дајте барем на заминување заминете си со позитивна одлука за државата Македонија„.

Најнови вести