Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки, вечерва во Алфа телевизија, во врска со гласањето на недоверба на Владата во четвртокот е сценарио на Заев кој се плашеше од својата партија и коалиција да дозволи да влезат пратениците за да се види таканареченото мнозинство кое наводно го има, затоа што не бил сигурен во нивната волја.
-Сценариото кое ни го подготви Заев во четвртокот факт е дека е добро обмислено, меѓутоа тука е важен еден друг момент, зошто доколку тој имаше верба во своите пратеници зошто не им дозволи да влезат во собраниската сала и да го направат кворумот и да ја образложат потребата од останување на ова Влада на власт, меѓутоа тоа не се случи, ние не го видовме тоа таканаречено мнозинство и пратениците не влегоа, вели Ковачки.
Тој истакна дека има сомнежи и дека останати пратеници исто како пратеникот Реџепи биле принудувани па не можеле да бидат внесени во салата.
-Факт е дека Зоран Заев се плашеше од сопствената партија и сопствената коалиција да дозволи да влезат пратениците избраници на народот слободно да ја искажат својата волја, посочи Ковачки.