петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Крадци на кабли од АНБ ги оставија без струја агенцијата за храна и платежната агенција

Крадци на кабли од АНБ ги оставија без струја агенцијата за храна и платежната агенција

Кражба на кабли од трафостаница причина за проблеми со струјата во две државни институции. Два дена Агенцијата за храна и ветеринарство не функционирала целосно бидејќи од празниот објект до нив кој е во сопственост на Агенцијата за национална безбедност во средата оперирале крадци. Украле и бакарни делови кои ги напојувале со електрична енергија соседните две згради и 120 вработени во АХВ наместо тоа што треба два дена средувале архива и пошта.

-Бидејќи немавме стабилно, односно никакво напојување со електрична енергија, вработените а и информативниот систем не беше во функција и немаше пристап овие два дена да ги користат информациите, изјави за Сител, Илија Георгиев, раководител на одделение за работи поврзани со директорот во АХВ

Спроти АХВ е и Агенцијата за финансиска подрршка во земјоделието, но оттраму ни одговорија дека имале варијанти за напојувањето со струја и системите работеле.

-Проблемот со трафостаницата е саниран, а во понеделник ќе се направи проверка за настанатата штета на електронските уреди во агенцијата по што ќе биде констатирано што ќе биде предадено во МВР како записник.

Објектот во сопственост на АНБ е празен со години.

-стенд уп..Нефункционалната зграда е обрасната со трева, има искршени прозорци и врати, навечер нема осветлување и обезбедување и има лесен пристап за крадци.

По овој случај каде штетата е најверојатно само на опремата чија проценка ќе ја прават заедно со осигурителна компанија, Агенцијата за храна и веринаство размислува да воведе 24 часовно обезбедување.

-Ние сме кираџии овде, но мора да ги заштитиме и вработените и опремата оти никој не знае дали вакви настани можат повторно да се случат во иднина, вели Георгиев.

Случајот со кражбата бил пријавен во МВР уште во четвртокот и оттаму ни одговорија дека работат на негово расчистување.

На 06.10.2022 во СВР Скопје е пријавено дека биле одземени бакарни делови од трафостаница во деловен објект на бул.3та мак бригада. Полициски службеници извршиле увид и се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.

Најнови вести