четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Кристијан Нинески по трет пат го извади светиот крстот од водите на Вардар во Скопје

Кристијан Нинески по трет пат го извади светиот крстот од водите на Вардар во Скопје

Во осветените води на Вардар, чин кој заврши со положување на светиот крст од страна на г.г. Стефан, Кристијан Нинески е среќниот верник кој годинава го фати крстот во реката. Среќниот Нинески по трет пат го извади крстот од Вардар. Првпат тоа се случи во 2019, вторпат во 2020 година и сега годинава.

„Со прекрасниот поздрав- Бог се јави, и со радосниот одговор- Навистина се јави, христијанските верници на овој велелепен ден го потврдуваат своето непоколебливо верување дека Бог навистина се јавил во светот и дека светот му поверува, како што сведочи и светиот апостол Павле. Тоа јавување на Бога на реката Јордан, кое и денеска не собра тука, на Вардар, нашиот македонски Јордан, е најцелосното и најасното јавување на Бога пред човечкиот род“, кажа г.г. Стефан.

Околу 130 верници во Скопје учествуваа во фаќањето на светиот крст од реката Вардар, кој беше фрлен точно на пладне.

Како што информираа за МИА од МПЦ-ОА – Скопска епархија, сите пријавени беа полнолетни и се проверени на спортска медицина, а некои учесници се спортисти.

Најнови вести